Политика за дистрибуција

Политика за дистрибуција на производи

Оваа Политика се однесува на испорака на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку нашите специјализирани партнери за достава на адресата која е наведена во порачката.

Временската рамка на доставување на производите е од 8:00 до 17:30 часот секој ден, освен недела и неработни денови.

Времетраењето на испораката е 1-3 работни дена од реализирањето на нарачката на нашата интернет страница, на адресата наведена при комплетирањето на нарачката. Ве молиме осигурајте се дека ја имате внесено точната адреса за испорака.

Во случај да Купувачот не е достапен на адресата во моментот на испораката, ќе биде контактиран на телефонскиот број внесен при пополнувањето на нарачката.

Трошоците за достава на производите, освен за испорака над одредена вредност кога испораката е бесплатна, се вклучуваат во вкупните трошоци на нарачката и се во согласност со табелата подолу.

Вредност на нарачка Трошок за достава
под 1,499 ден 120 ден
над 1,500 ден бесплатно

 

Цената на испораката е валидна за територијата на Македонија. За повеќе информации или проблеми при испоракаta контактирајте не секој работен ден од понеделник до петок помеѓу 8:00 и 17:30 часот на телефонскиот број 02 / 60 90 530 или мејл адреса: contact@vitana.mk.