Зошто интегрален ориз?
Затоа што интегралниот ориз го содржи зрното ориз со лушпата и има многу повеќе влакна и витамини од белиот ориз.
Интегралниот ориз има 4 пати повеќе магнезиум и влакна отколку белиот ориз и скоро двојно повеќе селен. Содржи и 25% повеќе протеини од белиот ориз.
Состојки (за двајца возрасни и дете од 1 година):
- 1 чаша интегрален ориз Витана
- ½ тиквица
- 2 млади кромитчиња
- 2 моркови
- малку зелена зелка
- малку виолетова зелка
- магдонос
- спанаќ
- маслиново масло
- сол, црн бибер и лук
- 1 лажичка сенф.
Начин на подготовка:
Оризот се вари посебно во сад со повеќе вода, значи не се додава ништо освен вода. Се чека да зоврие, а после се намалува на тивко. Кога целосно ќе омекне се трга од оган и се става во цедалка за да се исцеди вишокот вода, а во меѓувреме се подготвува зеленчукот. Кога имате време оставате го и претходно да покисне во ладна вода и неколку пати се измива (поради фитинската киселина).
Сите зеленчуци се сечкаат на коцки и се ставаат во тава со капак што не лепи со многу малку масло. Бидејќи тавата е покриена тие практично се готват од водата која ја пуштаат. Кога ќе омекнат, се додава претходно исцедениот ориз, зачините и на крај сенфот. Мешате се заедно и ручекот е готов!
Лесно, нутритивно и вкусно!
Може да се комбинира со свежа салата од марула и ротквица.
Извор: www.fitlife.com.mk