Vitana > Products > БЕЗ ГЛУТЕН > Домати

Домати

Домат – природен засилувач на имунитетот

• Го зајакнува имунитетот поради тоа што е богат со витамин А
• Единствен природен извор на ликопен – одличен за вашите очи и здравје;
• Богат со витамин К – одличен за вашите коски;
• Извор на калиум (главна хранлива состојка за функција на срцето, контракции на мускулите и одржување на здрав крвен притисок и рамнотежа на течности) и бета каротен.
• Особено богат со витамин Ц,

Најмала количина за нарачка: 1 тон домати пакувани во кутии од 25 кг

За условите на продажба и цени на производите, пишете ни на следниов линк

Опис

 

Опис на производот

Доматите се одличен извор на витамини
Еден домат може да обезбеди околу 40% од дневната препорачана најниска доза витамин Ц. Дополнително, доматот обезбедува витамин А, кој го зајакнува имунитетот, видот и здравјето на кожата; витамин К, кој е добар за вашите коски; и калиум, главна хранлива состојка за срцева функција, мускулни контракции и одржување на здрав крвен притисок и рамнотежа на течности.
Доматот го одржува здравјето на срцето
Доматите содржат антиоксидант наречен ликопен, поради кој ја добиваат својата црвена боја. Некои истражувања покажале дека високи нивоа на ликопен во крвта се тесно поврзани со пониска стапка на смртност кај луѓето со метаболитички синдром, група ризик фактори кои ги зголемуваат шансите за развивање на срцево заболување, дијабетес и удар.
Го подобруваат вашиот вид
Ликопенот исто така е добар за вашите очи. Но тој не е единствената хранлива состојка во доматите; тие исто така содржат и лутеин и бета каротен. Според некои истражувања, овие хранливи состојки го одржуваат видот и спречуваат појава на состојби кај очите, како што се катаракта и дегенерација на макулата.

Го зајакнуваат дигестивното здравје
Течноста и растителните влакна во доматите можат да бидат корисни ако сте склони на опстипација.

Спречуваат појава на рак
Истражувањата дошле до врски помеѓу врвната компонента ликопен и неколку појави на рак на простата, јајници, бели дробови и желудник.

Кој треба да ги користи?

• сите кои сакаат рамнотежа на организмот
• вегани и вегетаријанци
• спортисти и активни луѓе

Кои состојки ги содржат?

100% Домати

Како и зошто се добри?

Се чини дека скромниот домат е полн со изненадувања за вашата кожа, црева и друго.
Доколку се двоумите, доматот технички е овошје, бидејќи произведува семе и се развива од овариумите на растение кое цвета. Но кога се работи за прехрана, доматот е категоризиран како зеленчук. Ова се делумно се должи на ниските нивоа на јаглени хидрати и шеќер: Домат со средна големина обезбедува 22 калории и околу 5 грама вкупно јаглени хидрати, 3 како шеќер и 1,5 како растителни влакна. Но овој пакет од малку калории и малку јаглени хидрати е преполн со хранливи состојки и се поврзува со голем број придобивки за здравјето.

Употреба

Како да се искористат сите придобивки од доматите
Доматите можете да ги вклучите во секојдневната исхрана во свежа форма, сушени, или како сос, салца или пире. Ова исто така овозможува да се ужива во доматите во текот на целата година.