Vitana > Products > БЕЗ ГЛУТЕН > Краставици

Краставици

Краставици – антиоксиданти полни со вода и одличен вкус

  • •Одличен извор на растителни влакна
  • •Богати со магнезиум и манган;
  • •Богати со витамин Ц и К – одлични за имунитетниот систем и коските;
    • Извор на калиум (главна хранлива состојка за срцевата функција и рамнотежа на течности)
    • Краставиците содржат антиоксиданти, вклучувајќи флавоноиди и танини, кои спречуваат натрупување на штетни слободни радикали и можат да го намалат ризикот од хронични заболувања.

Најмала количина за нарачка: 1 тон пакуван во вреќи од 25 кг

За условите на продажба и цени на производите, пишете ни на следниов линк

Опис

 

Опис на производот

Иако се смета за зеленчук, краставицата всушност е овошје.
Има високи нивоа на корисни хранливи состојки, како и одредени растителни соединенија и антиоксиданти кои можат да помогнат при третирање, а дури и спречување на некои состојби.
–Помагаат за добра хидратација
Водата е важна за функциите на телото, играјќи голем број важни улоги. Таа е вклучена во процесите како регулирање на температурата и пренесување на отпадните материи и хранливите состојки. Иако најголемиот дел од потребите за течности ги надоместуваме преку пиење вода или други течности, кај некои луѓе 40% од внесот на вода се остварува преку храната.
– Краставиците помагаат при намалување на тежината.
Прво, имаат многу малку калории. Ова значи дека може да јадете многу краставици без да наталожите дополнителни калории кои водат кон зголемена тежина.
Краставиците додаваат свежина и вкус на салатите, сендвичите и прилозите храна со повеќе калории.
Понатаму, големото ниво на вода во краставиците исто така помага при губењето тежина.
– Тие може да го намалат шеќерот во крвта.
Истражувањата покажале дека краставиците може да помогнат при намалување на шеќерот во крвта и да спречат компликации поврзани со дијабетес.
Исто така, краставиците содржат растителни влакна кои помагаат при регулирање на варењето на храната. Особено пектинот, вид на растворливо растително влакно во краставиците, може да помогне за зголемување на зачестеноста на столицата.

Кој треба да ги користи?

• сите кои сакаат рамнотежа на организмот
• вегани и вегетаријанци
• спортисти и активни луѓе

Кои состојки ги содржи?

100% краставици

Како и зошто делува?

Краставиците имаат ниско ниво на калории, но високи количества на многу важни витамини и минерали. Дополнително, краставиците имаат големи количества вода. Всушност, тие се составени од 96% вода.

Краставиците содржат антиоксиданти, вклучувајќи флавоноиди и танини, кои спречуваат таложење на штетните слободни радикали и можат да го намалат ризикот од хронични болести.

Употреба

Краставиците често се јадат свежи како ниско-калорична ужина, но можат да се комбинираат со хумус, маслиново масло, сол или прелив за салата за да се додаде повеќе вкус.

Краставиците може да се јадат свежи или кисели. Тие се користат и како ниско-калорична ужина или за додавање вкус на различни видови јадења.