Vitana > Products > БЕЗ ГЛУТЕН > Пиперки

Пиперки

Пиперки – Витамин Ц мастер веге

• Одличен извор на Витамин Б6 и фолна киселина
• Единствен природен извор на ликопен и богати со Витамин А – одличен за вашите очи и срце
• Богати со витамин К – одличен за вашите коски
• Моќен антиоксидант
• Особено богати со витамин Ц

Најмала количина за нарачка: 1 тон пиперки пакувани во вреќи од 25 кг

За условите на продажба и цени на производите, пишете ни на следниов линк

Опис

 

Опис на производот

– Пиперките содржат неверојатно високо ниво на витамин Ц. Освен што е моќен антиоксидант, витаминот Ц помага за соодветна апсорпција на железо.

– Тие се одличен извор на витамин Б6 и фолна киселина. Овие витамини и минерали помагаат при спречување појава на анемија.

– Црвените пиперки помагаат за добар вид во темница. Имаат високи количества на витамин А, кој придонесува за одржување на здрав вид, особено во текот на ноќта.

– Согорете повеќе калории со помош на црвените пиперки. Последните истражувања покажаа дека слатките црвени пиперки можат да активираат термогенеза и да ја зголемат стапката на метаболизмот.

Црвената пиперка е вид на зеленчук богат со ликопен, за кој е докажано дека помага при спречување на многу видови рак, вклучувајќи рак на простата и рак на бели дробови.

Кој треба да ги користи?

• сите кои сакаат рамнотежа на организмот
• вегани и вегетаријанци
• спортисти и активни луѓе

Кои состојки ги содржат?

100% пиперки

Како и зошто се добри?

– Содржат голем број антиоксиданти. Комбинираното дејство на витамините А и Ц создава поголем капацитет на антиоксидантите, а заедно со ликопенот, пиперките се рангираат како врвна суперхрана. Ликопенот е состојката која ја дава црвената боја на доматите и пиперките.

Употреба

Зелена бабура, слатка црвена и жолта пиперка – Секако, тие се вкусни ако се јадат свежи, но совршени се и за сервирање.

За одложена употреба – замрзнувањето е вистинското нешто. Исечете ги и ставете ги во ќеси за вакумирање, така ќе бидат подготвени за пржење во текот на зимата.