Политика за безбедност и заштита на личните податоци на корисниците на електронски картички
Плаќањето на производите на нашата интернет страница може да биде направено со сите кредитни / дебитни картички од брендовите MASTERCARD, MAESTRO, VISA и останати картички издадени од домашни Банки за кои Банката е овластена да организира нивно прифаќање.
При користење на нашите услуги за on-line купување, податоците од страна на купувачот се внесуваат на веб страната на процесинг центарот на Стопанска Банка АД Скопје кој ги процесира трансакциите за on line плаќање, почитувајќи ги сите потребни барања за извршување на безбедно плаќање. За оваа цел се употребува SSL сертификат од 128 бити издаден од овластена Компанија. Автентификацијата на електронските картички се случува во реално време преку верификација во системот на Банката.
Vitana.mk за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка.
Одговорност на корисникот е да се погрижи за тајност на корисничкото име и корисничка шифра, и за софтверската и антивирусна заштита на уредот што го користи за електронско плаќање. Со регистрирање на интернет страницата, корисникот потврдува дека тој е возрасно лице, способно и овластено за извршување на трансакции.