Услови за користење

Услови за користење

ВИТАНА ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на ВИТАНА Трејд е строго забрането.

ВИТАНА Трејд ДООЕЛ Скопје ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Северна Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа интернет страна надвор од границите на Република Северна Македонија, имате одговорност за почитување на важечките локални закони во државата од каде пристапувате. Условите за користење на оваа веб страна се толкуваат во согласност со законите на Република Северна Македонија.

ВИТАНА Трејд ДООЕЛ Скопје, ги објавува информациите и документите во врска со производите што се предмет на продажба или другите писмени материјали на својата интернет страница vitana.mk само за информативни цели.

Интернет страницата не содржи медицински / здравствени / останати совети. Информациите на оваа страница се едукативни и не може да се сметаат како замена за професионален совет. Употребата на таквите информации е комплетно на товар на корисниците на информациите.

Сите информации на нашата интернет страница vitana.mk се поставени со добра намера, обезбедени од доверливи извори и споделени со цел за информирање на корисниците, меѓутоа, ние не можеме да дадеме гаранции од било кој вид, пишана или усмена, во врска со точноста, адекватноста, валидноста, доверливоста, достапноста или комплетноста на информациите споделени на нашата интернет страница. Содржината на интернет страницата vitana.mk треба да се толкува врз основа на оригиналните текстови, без промени. Може да се случи овие страници да се променат независно од волјата или надвор од контрола на Компанијата. Поради тоа, освен ако не е поинаку предвидено со закон, компанијата не презема никаква одговорност за точноста, веродостојноста, навременоста или содржината на информациите, документацијата или другите писмени материјали објавени на интернет страниците.

Интернет страницата vitana.mk може да содржи (или може да бидете препратени преку страната на) линкови до останати веб страници или содржина што припаѓа или потекнува од трети страни или линкови до интернет страници, банери или друго рекламирање. Овие надворешни линкови не се испитани, мониторирани ни проверени за точноста, адекватноста, валидноста, доверливоста, достапноста или комплетноста од наша страна.

Интернет страната vitana.mk може да содржи сведоштва од корисници на нашите производи / услуги. Овие сведоштва ги отсликуваат реалните искуства на корисниците и нивните лични мислења. Треба да се има во предвид дека, овие искуства се лични искуства на тие личности и не мора да значи дека искуствата важат за сите случаи на користење на нашите производи и услуги. Обрнуваме внимание дека индивидуалните резултати може да варираат кај различни корисници. Гледиштата и мислењата содржани во сведочењата припаѓаат на личностите кои ги даваат и не мора да значи дека ги одразуваат нашите погледи и мислења.

Сведочењата не се наменети, ниту пак може да се сметаат за тврдења дека нашите производи / услуги може да се користат за дијагностицирање, третирање, превенирање, лечење или во било која форма да се користат при состојба на болест или медицински третман. Ние не обезбедуваме клинични испитувања или евалуација на сведоштвата.

ВИТАНА Трејд ДООЕЛ Скопје ве информира дека пребарувањето на интернет страниците на компанијата и доставување на податоци истовремено значи и прифаќање на овие Услови за Користење.

ВИТАНА Трејд ДООЕЛ Скопје ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

Политика за приватност и заштита на лични податоци

Правото на приватност и заштитата на личните податоци, претставува врвен приоритет на ВИТАНА Трејд ДООЕЛ Скопје.

Компанијата ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци во согласност со Важечките законски регулативи во Република Северна Македонија. Vitana.mk ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Северна Македонија.

Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Vitana.mk не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

Политика за безбедност и заштита на личните податоци на корисниците на електронски картички

Плаќањето на производите на нашата интернет страница може да биде направено со сите кредитни / дебитни картички од брендовите MASTERCARD, MAESTRO, VISA и останати картички издадени од домашни Банки за кои Банката е овластена да организира нивно прифаќање.

При користење на нашите услуги за on-line купување, податоците од страна на купувачот се внесуваат на веб страната на процесинг центарот на Стопанска Банка АД Скопје кој ги процесира трансакциите за on line плаќање, почитувајќи ги сите потребни барања за извршување на безбедно плаќање. За оваа цел се употребува SSL сертификат од 128 бити издаден од овластена Компанија. Автентификацијата на електронските картички се случува во реално време преку верификација во системот на Банката.

Vitana.mk за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка.

Одговорност на корисникот е да се погрижи за тајност на корисничкото име и корисничка шифра, и за софтверската и антивирусна заштита на уредот што го користи за електронско плаќање. Со регистрирање на интернет страницата, корисникот потврдува дека тој е возрасно лице, способно и овластено за извршување на трансакции.

Политика за дистрибуција на производи

Оваа Политика се однесува на испорака на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку нашите специјализирани партнери за достава на адресата која е наведена во порачката.

Временската рамка на доставување на производите е од 8:00 до 17:30 часот секој ден, освен недела и неработни денови.

Времетраењето на испораката е 1-3 работни дена од реализирањето на нарачката на нашата интернет страница, на адресата наведена при комплетирањето на нарачката. Ве молиме осигурајте се дека ја имате внесено точната адреса за испорака.

Во случај да Купувачот не е достапен на адресата во моментот на испораката, ќе биде контактиран на телефонскиот број внесен при пополнувањето на нарачката.

Трошоците за достава на производите, освен за испорака над одредена вредност кога испораката е бесплатна, се вклучуваат во вкупните трошоци на нарачката и се во согласност со табелата подолу.

Вредност на нарачка Трошок за достава
под 1,499 ден 120 ден
над 1,500 ден бесплатно

Цената на испораката е валидна за територијата на Македонија. За повеќе информации или проблеми при испоракаta контактирајте не секој работен ден од понеделник до петок помеѓу 8:00 и 17:30 часот на телефонскиот број 02 / 60 90 530 или мејл адреса: contact@vitana.mk.

Политика на рекламација и поврат на средства по трансакција со платежни картички

Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.
Во таквите случаи, само после враќање на производот од страна на потрошувачот, а без оглед на причината за враќање, ВИТАНА Трејд има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво на Банкарската сметка од каде е резлизирано плаќањето, што значи дека Банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

Политика за користење на колачиња

Ги користиме овие технологии за да ја администрираме нашата интернет страница, да анализираме трендови, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и реклами. Кога прв пат ќе пристапите на vitana.mk може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња. Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време Може да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач за да ограничите или забраните колачиња и можете да ги избришете од било кој уред во било кое време. Ако не се согласувате или ги избришете колачињата некои делови од нашиот сајт кои ги пристапувате може да не фукционираат како што треба или да им треба многу повеќе време да се отворат.

Поставување на блогови

На нашата интернет страница, се поставуваат блогови кои се користат за информирање на нашите корисници. Блоговите може да бидат авторски текстови во сопственост на ВИТАНА Трејд ДООЕЛ Скопје, превземени блогови од останати интернет страници, од каде копирањето на содржината е дозволено со наведување на авторството или преку доставување на писмен материјал од страна на наши Корисници / соработници.

Во случај на доставувањето на писмен материјал од ваша страна (во e-mail порака испратена до нашиот сервер или преку нашите интернет страници / социјални мрежи) значи прифаќање дека материјалот може да се објавува. Со доставувањето на материјалот до нас, прифаќате дека vitana.mk  може да го објавува – без никаква одговорност – и да ги користи неговите содржини (делумно или целосно) со објавување на вашето авторство. Со доставување на таков материјал до нас, се согласувате дека материјалот или неговата содржина не ја прекршуваат личната интелектуална сопственост или други права на било која трета страна, и дека третите страни нема да покренат било какви судски процеси против ВИТАНА Трејд ДООЕЛ Скопје во врска со таквите права, нема да поднесат било какви барања или тужби, и на крајот, доколку било која трета страна поднесе тужба против ВИТАНА Трејд ДООЕЛ Скопје, вие целосно ќе ги надоместите трошоците на ВИТАНА Трејд ДООЕЛ Скопје.

Завршни зборови

Почитувани корисници на производите и услугите ВИТАНА Трејд ДООЕЛ Скопје и на интернет страницата vitana.mk, ви благодариме за Вашата доверба и користење на нашите производи и услуги.

Искрено се надеваме дека ќе ја оправдаме Вашата доверба, воедно се обврзуваме дека постојано ќе работиме на подобрување на квалитетот на нашите производи и услуги.

Со почит,

Тимот на ВИТАНА Трејд ДООЕЛ Скопје