Vitana > Продукти > ВЕГАНСКИ > ГРАНОЛА СО ОРГАНСКИ КОКОСОВ ЧИПС И БАДЕМ

ГРАНОЛА СО ОРГАНСКИ КОКОСОВ ЧИПС И БАДЕМ

16,657ден

СОВРШЕН КРЦКАВ МИКС НА ВНИМАТЕЛНО ОДБРАНИ ЗДРАВИ СОСТОЈКИ

1. 92% органски состојки;
2. Без додадени шеќери и не содржи палмино масло;
3. Одличен избалансиран оброк, лесен и брз за подготовка;
4. Богата со растителни влакна, здрави масти, растителни протеини, витамини и минерали;
5. Дава енергија и зголемува концентрација

Нето количина: 300 гр

Нема на залиха

Опис

 

Опис на производот

Гранолата Витана ја создадовме по оригинален рецепт , со многу љубов и внимание за да го добиеме совршениот крцкав микс на внимателно одбрани здрави состојки. Изобилува со растителни влакна, витамини и минерали како и растителни  протеини со многу неверојтани придобивки за здравјето. И Најважното од се НЕМА додадени шеќери и НЕ СОДРЖИ палмино масло.

Гранолата Витана со својот органски состав претставува неверојатна комбинација за одлично избалансиран оброк. Појадокот е најважен оброк во текот на денот , па затоа една порција гранола ќе ви даде доволно енергија и ќе ги задоволи сите хранливи и нутритивни потреби на вашето тело за активен ден.

Кој треба да ги користи?

  • сите кои сакаат да постингат рамнотежа во организмот со избалансирани оброци
  • вегани и вегетаријанци
  • спортисти и активни луѓе
  • деца, и секој на кого му е потребна енергија внесена преку здрав оброк

Кои состојки ги содржат?

Гранола со над 92% Органски состојки: Органски овесни снегулки 37%, Oргански киноа снегулки 17%, бадеми 8%,  Органски кокосов печен чипс 14% , Органски оризов сируп 15%, Органско сончогледово масло.
Алергени: Јаткасти плодови (Бадеми) , кокос.

Како и зошто се добри?

Киноа снегулките едноставно се механички сплескани зрна од киноа. Одлични се за појадок и соодветни за секаков вид диети. Киноа снегулките ги имаат сите придобивки кон здравјето како и киноа зрната со попозната текстура за појадок и побрзо време за припремање. Таа е супер храна со високи количества нерастворливи растителни влакна и протеини. Киноата има капацитет да го зголеми чувството на заситеност по оброците, а сепак е лесна за варење во желудникот.

Овесните снегулки содржат високи количества минерали и растителни влакна, тие имаат и многу придобивки за здравјето.Содржат минерали и витамини меѓу кои се манган, молибден, фосфор, бакар, магнезиум, хром, цинк, калиум, калциум, Б витамини, фолна киселина, пантотенска киселина, колин и витамини К и Е.
Појадокот составен од овесни снегулки помага за стабилизирање на нивоата на шеќер во крвта.

Кокосовиот печен чипс со неговата мала и слатка димензија освен што има неверојатен вкус, има и многу бенефити за човечкото здравје. Со редовна употреба, метаболизмот на човекот се нормализира и се намалува количеството на холестерол во крвта. Позитивно влијае на зголемување на енергијата, концентрацијата и допринесува за подобро памтење и вид.

Бадемите се природна супер храна. Со своите хранливи материи и содржината на здрави масти во нив , тие можат да помогнат на луѓето од сите возрасти да одржуваат силно и ефикасно тело и бистар ум.Обезбедуваат високо ниво на ситост, дури и ако се јадат по малку. Тие се едни од најдобрите извори на витамин Е, магнезиум , содржат многу протеини и здрави масти.

Употреба

 Потопете 50 гр гранола во 100-120 мл млеко по избор и  уживајте во прекрасниот и здрав оброк. Може да се користи и како додаток во најразлични појадоци, чиа пудинг или во вашето енергетско смути. Со гранолата можете многу лесно и брзо да подготвите здрав и избалансиран оброк.Уживајте во прекрасниот оброк!

 

Хранлива вредностна 100гр
Енергија510Kcal / 2133KJ
Масти30.45гр ± 2.61%
од кои заситени7.59гр ± 0.23 %
Јаглехидрати42.46гр
од кои шеќери5.80гр ± 0.25%
Протеини11.38гр ± 0.13%
Растителни влакна10.23гр ± 2.90%
Сол0.32гр ± 0.004%