Опис
![](https://vitana.mk/wp-content/uploads/2020/09/vitana-natural.png)
![](https://vitana.mk/wp-content/uploads/2020/09/vitana-organic.png)
![](https://vitana.mk/wp-content/uploads/2020/09/vitana-vegan.png)
Опис на производот
Крцкавиот путер од кикирики го создадовме по оригинален рецепт , со многу љубов и внимание за да ја добиеме совршената крцкава структура без никакви додадтоци и засилувачи на вкус. Крцкавиот путер од кикирики се добива со мелење на свежо печени кикирики. Нема додадено шеќер и не содржи палмино масло. Одличен извор на здрави масти, протеини, витамини и минерали.
Кои состојки ги содржат?
Состојки: 96% Кикирики , Маслиново масло, Хималајска сол.
Алергени: Кикирики
Како и зошто се добри?
Кикириките сами по себе изобилуваат со многу здрави масти и протеини. Путерот од кикирики доколку се конзумира во умерени количини , со своите хранливи материи може да му придонесе на вашето тело со многу значајни здравствени придобивки. Изобилува со витамин Е , минерали, витамин Б3 и мнооогу здрави масти и протеини. Путерот од кикирки може да влијае на регулирање на шеќерот во крвта затоа што го одржува стабилно нивот на шеќер во крвта во текот на денот доколку се конзумира за појадок. Влијае на намалување на нивото холестеролот во крвта. Кикириките иако спаѓаат во намирници кои содржат висок број на масти и калории, сепак тие содржат здрави масти, омега 6 масни киселини и антиоксиданти кои може да делуваат превентивно на срцевите заболувања и да го намалуваат холестеролот и триглицеридите , без покачување на телесната тежина. Кикириките/путерот од кикирики со своите антиоксиданти може да има антивоспалително и антиканцерогено дејство.
Употреба
Крцкавата и здрава тесктура го прави совршен за секојдневна употреба. Директно од лажица е најдобрата употреба поради неговиот фантастичен вкус.Одличен додаток во секој здрав оброк, смути или овесна каша. Осигурајте се дека никој не е алергичен на кикирики пред да го конзумирате.Уживајте во прекрасниот оброк!
Хранлива вредност | на 100гр |
---|---|
Енергија | 660Kcal / 2764KJ |
Масти | 55.36гр ± 4.75% |
од кои заситени | 4.40гр ± 0.13 % |
Јаглехидрати | 14.16гр |
од кои шеќери | 1.80гр ± 0.08% |
Протеини | 23.54гр ± 0.28% |
Растителни влакна | 5.80гр ± 1.64% |
Сол | 0.20гр ± 0.002% |