Опис
Опис на производот
Лешниците се богат извор на витамин Е, манган и бакар. Дополнително, содржат високи количества омега 6 и омега 9 масни киселини.
Богати со антиоксиданти
Лешниците обезбедуваат значителни количества антиоксиданти. Антиоксидантите го штитат телото од оксидативен стрес, кој може да ја оштети структурата на клетките и да предизвика стареење, рак и заболувања на срцето. Кај лешниците, високата концентрација на антиоксиданти и здрави масти може да го зголеми антиоксидантскиот потенцијал и да го намали нивото на холестерол во крвта.
Понатаму, високите количества на масни киселини, диетални растителни влакна, антиоксиданти, калиум и магнезиум во лешниците помага при нормализирање на крвниот притисок.
Лешниците можат да го зголемат оксидативниот капацитет и да ги намалат нивоата на липиди во крвта, што помага за намалување на ризикот од срцеви заболувања. Исто така, тие помагаат при нормализирање на крвниот притисок.
Дополнително, лешниците се богати со витамин Е, уште еден моќен антиоксидант кој се покажал како можна заштита од оштетување на клетките кое може да предизвика или придонесе за појава на рак.
Кој треба да ги користи?
• сите што сакаат рамнотежа на организмот
• вегани и вегетаријанци
• спортисти и активни луѓе
Кои состојки ги содржат?
100% лешници
Како и зошто се добри?
Лешниците се преполни со хранливи материи, вклучувајќи витамини, минерали, соединенија со антиоскиданти и здрави масти.
Тие исто така се корисни за здравјето, вклучувајќи намалување на нивото на масти во крвта, регулирање на крвниот притисок, намалување на воспаленија и подобрување на нивото на шеќер во крвта, меѓу другото.
Сè на сè, лешниците се одличен и вкусен извор на хранливи материи кои лесно можат да се вклучат во секојдневната исхрана.
Употреба
Лешниците имаат сладок вкус и можат да се јадат свежи, запечени или смелени во паста.
Имаат одличен хранлива содржина и се полни со хранливи материи и здрави масти.
Бидете сигурни дека никој не е алергичен на лешници пред да ги вклучите во вашите оброци.