Опис



Опис на производот
Прекрасните розови кристали на хималајската сол потекнуваат од пред повеќе од 300 милиони години кога биле раастворени во водите на старите океани. Океаните пресушиле со текот на времето и зад себе оставиле талози од камена сол. Местоположбата на овие настани е во близина на денешните Хималајски планини, рудниците за сол Кевра во Пакистан. Со текот на времето оваа сол ја зачувала својата природна чистота, благодарение на планинскиот регион кој ги заштитил од хемикалиите и загадувачите. Поради ова хималајската розова сол е една од најздравите природни видови храна позннти на човекот.
Розовата хималајска сол помага при задржување на течностите, ги регулира pH нивоата во крвта и ја зголемува енергијата.
Поради нејзините антиоксиданти и електролити, оваа природна состојка е сојузник на зголемувањето на физичката и менталната енергија по природен пат.
Нејзините минерали ги чистат затнатите патеки и ги олеснуваат тешкотиите со дишењето предизвикани од воспаленија со тоа што ги намалуваат.
Кој треба да ги користи?
• сите кои се свесни за важноста на здрава и балансирана исхрана
Кои состојки ги содржат?
100% природна камена сол
Како и зошто се добри?
Розовата хималајска сол воопшто нема конзерванси. Таа е природна сол собрана од Хималајските планини.
Содржи 84 минерали, а 4 од нив се клучни фактори за одржување на здрави нивоа на шеќер во крвта – хром, ванадиум, манган и магнезиум. Овие минерали помагаат при дигестирањето на шеќерите и скробот и го балансираат шеќерот во крвта.
Употреба
Идеална за секојдневна употреба. Посипете директно на храната, користете ја за триење, во расол, или смелете ја со тревки за да создадете уникатна арома.
Хранлива вредност | на 100гр | |
---|---|---|
Натриум хлорид | >99% | |
Јод | 20-30mg/kg |