Поставување на блогови

Поставување на блогови

На нашата интернет страница, се поставуваат блогови кои се користат за информирање на нашите корисници. Блоговите може да бидат авторски текстови во сопственост на ВИТАНА Трејд ДООЕЛ Скопје, превземени блогови од останати интернет страници, од каде копирањето на содржината е дозволено со наведување на авторството или преку доставување на писмен материјал од страна на наши Корисници / соработници.

Во случај на доставувањето на писмен материјал од ваша страна (во e-mail порака испратена до нашиот сервер или преку нашите интернет страници / социјални мрежи) значи прифаќање дека материјалот може да се објавува. Со доставувањето на материјалот до нас, прифаќате дека vitana.mk  може да го објавува – без никаква одговорност – и да ги користи неговите содржини (делумно или целосно) со објавување на вашето авторство. Со доставување на таков материјал до нас, се согласувате дека материјалот или неговата содржина не ја прекршуваат личната интелектуална сопственост или други права на било која трета страна, и дека третите страни нема да покренат било какви судски процеси против ВИТАНА Трејд ДООЕЛ Скопје во врска со таквите права, нема да поднесат било какви барања или тужби, и на крајот, доколку било која трета страна поднесе тужба против ВИТАНА Трејд ДООЕЛ Скопје, вие целосно ќе ги надоместите трошоците на ВИТАНА Трејд ДООЕЛ Скопје.