Опис
Опис на производот
Ајде сите заедно да ја лансираме ракетата на ГРАВИТАНА! Со секој оброк ГРАВИТАНА добиваме доволно енергија од : витамини, протеини, минерали, здрави масти, растителни влакна, јаглехидрати за да може да полетаме во вселената!
*Во секоја кутија ГРАВИТАНА добивате ПОДАРОК БОЕНКА!
Гравитана ја создадовме по оригинален рецепт , со многу љубов и внимание за да го добиеме совршениот крцкав микс на внимателно одбрани здрави состојки. Изобилува со растителни влакна, витамини и минерали како и растителни протеини со многу неверојтани придобивки за здравјето. И Најважното од се НЕМА додадени шеќери и НЕ СОДРЖИ палмино масло.
Гравитана со својот органски состав претставува неверојатна комбинација за одлично избалансиран оброк. Појадокот е најважен оброк во текот на денот , па затоа една порција гранола ќе ви даде доволно енергија и ќе ги задоволи сите хранливи и нутритивни потреби на вашето тело за активен ден.
Кој треба да ги користи?
- деца, и секој на кого му е потребна енергија внесена преку здрав оброк
- сите кои сакаат да постингат рамнотежа во организмот со избалансирани оброци
- вегани и вегетаријанци
- спортисти и активни луѓе
Кои состојки ги содржат?
Гранола со над 78% Органски состојки: Органски овесни снегулки 37% ,Oргански киноа снегулки 17% ,Лешници 8% ,
Чоколадни капки (Какао крем без шеќер ) 14% , Органски Оризов сируп 15% , Органско сончогледово масло.
Алергени: Јаткасти плодови (Лешник)
Како и зошто се добри?
Киноа снегулките едноставно се механички сплескани зрна од киноа. Одлични се за појадок и соодветни за секаков вид диети. Киноа снегулките ги имаат сите придобивки кон здравјето како и киноа зрната со попозната текстура за појадок и побрзо време за припремање. Таа е супер храна со високи количества нерастворливи растителни влакна и протеини. Киноата има капацитет да го зголеми чувството на заситеност по оброците, а сепак е лесна за варење во желудникот.
Овесните снегулки содржат високи количества минерали и растителни влакна, тие имаат и многу придобивки за здравјето.Содржат минерали и витамини меѓу кои се манган, молибден, фосфор, бакар, магнезиум, хром, цинк, калиум, калциум, Б витамини, фолна киселина, пантотенска киселина, колин и витамини К и Е.
Појадокот составен од овесни снегулки помага за стабилизирање на нивоата на шеќер во крвта.
Чоко кремот без шеќер освен што има неверојатен вкус, има и многу бенефити за човечкото здравје. Позитивно влијае на зголемување на енергијата, концентрацијата.
Лешниците се природна супер храна. Со своите хранливи материи и содржината на здрави масти во нив , тие можат да помогнат на луѓето од сите возрасти да одржуваат силно и ефикасно тело и бистар ум.Обезбедуваат високо ниво на ситост, дури и ако се јадат по малку. Лешниците се богат извор на витамин Е, манган и бакар. Дополнително, содржат високи количества омега 6 и омега 9 масни киселини.
Употреба
Потопете 50 гр гранола во 100-120 мл млеко по избор и уживајте во прекрасниот и здрав оброк. Може да се користи и како додаток во најразлични појадоци, чиа пудинг или во вашето енергетско смути. Со гранолата можете многу лесно и брзо да подготвите здрав и избалансиран оброк за целото семејствоУживајте во прекрасниот оброк!
Хранлива вредност | на 100гр |
---|---|
Енергија | 503Kcal / 2104KJ |
Масти | 29.78гр ± 2.55% |
од кои заситени | 5.46гр ± 0.16 % |
Јаглехидрати | 44.5гр |
од кои шеќери | 6.10гр ± 0.26% |
Протеини | 9.76гр ± 0.11% |
Растителни влакна | 9.00гр ± 2.55% |
Сол | 0.23гр ± 0.003% |