Vitana > Продукти > БЕЗ ГЛУТЕН > ИТАЛИЈАНСКИ ОРИЗ ИНТЕГРАЛЕН ОРГАНСКИ

ИТАЛИЈАНСКИ ОРИЗ ИНТЕГРАЛЕН ОРГАНСКИ

205ден

Органски интегрален ориз – хранлив извор на енергија

-100% органско производство
Без глутен;
-Богат со витамини Б, фолна киселина;
– Железо, минерал кој телото го користи за пренесување на кислород во крвта;
– Магнезиум, минерал кој е вклучен во повеќе од 300 биолошки функции;
– Селен, минерал вклучен во имунитетниот систем и регулирање на тироидната жлезда.

Нето количина 500 гр

Нема на залиха

Опис

 

Опис на производот

Интегралниот ориз е добар извор на растителни влакна и поради тоа го подобрува варењето на храната. Содржи многу мали количества заситени масти и холестерол што го прави здрава храна за срцето. Неговата употреба во многу кујни во светот се должи на високата нутритивна содржина.

Ја контролира појавата на заболувања
За оризот се знае дека контролира многу заболувања. Интегралниот ориз содржи високи количини неуротрансмитери кои спречуваат појава на Алцајхмерова болест. Оризот исто така содржи и антиоксидантски својства кои го штитат срцето преку намалување на појавата на срцеви заболувања и удар.
Интегралниот ориз е богат со растителни влакна и го штити телото од различни видови рак. Растителните влакна во оризот претставуваат штит за канцерогените клетки, заштитувајќи го телото од рак.

Го контролира крвниот притисок
Оризот се смета за добар за луѓето кои сакаат да ја намалат својата тежина. Употреба на ориз во секојдневната исхрана подразбира мала содржина на јаглени хидрати и масти и затоа се одлични за луѓе кои сакаат да ја изгубат килограми.

Спречува опстипација
Оризот содржи многу мали количества натриум, па затоа помага при контролирање на високиот крвен притисок. Тој е одличен извор на здрави растителни влакна. Тие помагаат при развојот на корисните бактерии кои го подобруваат варењето и ја регулираат столицата.

Храна без глутен
Оризот не содржи глутен, поради тоа може лесно да се вклучи во секојдневната исхрана на луѓе кои страдаат од проблеми со цревата и оние кои се алергични на протеини кои ги има во пченицата, јачменот, `ржот и овесот.

Оризот е многу хранлив и неопходен за зајакнување на здравјето!

Кој треба да ги користи?

• сите кои сакаат рамнотежа на организмот
• вегани и вегетаријанци
• спортисти и активни луѓе

Кои состојки ги содржат?

100% органски зрна од интегрален италијански ориз

Како и зошто се добри?

Оризот е познат по своите лесно апсорбливи јаглени хидрати, неговите благородни протеини сосема достапни за вашето тело, отсуството на алергени кои можат да предизвикаат несакани негативни реакции.

Употреба

Користете едноставен сооднос за да ги измерите вашите состојки:
1 шолја ориз
2,5 шолји вода или бујон
На висока температура, измешајте го оризот со водата и оставете ги да зовријат. Намалете ја температурата, покријте го садот и варете додека оризот не стане мек и ја впие целата течност, 40-45 минути. Оставете го покриен да отстои 5 минути, потоа промешајте со виљушка.

 

Хранлива вредностна 100гр
Енергија374 Kcal/ 1582 kJ
Масти1,4-4,4гр
од кои заситени масти0-1,4гр
Јаглехидрати69,2-85,2гр
од кои шеќери0,1-2гр
Протеини6-10гр
Растителни влакна1,5-5,5гр
Сол0,02гр