Vitana > Продукти > БЕЗ ГЛУТЕН > БАДЕМ ПЕЧЕН солен

БАДЕМ ПЕЧЕН солен

104ден

Бадеми – совршена храна за телото и умот

• Одличен извор на висококвалитетен растителн протеин;
• Храна богата со витамин Е;
• Богати со монозаситени масти кои имаат зашттина функција за срцето;
• Извор на манган и магнезиум.
• Богати со витамин Б6 кој е неопходен за поттикнување на создавањето на хемикалии-неуротрансмитери кои понатаму ја подобруваат комуникацијата помеѓу мозочните клетки.

Нето количина: 125 гр

Нема на залиха

Опис

 

Опис на производот

Бадемите имаат одлично реноме кое се должи на нивната содржина на протеини, здрави масти, витамини и минерали.

Тие се едни од најдобрите извори на витамин Е.
Витаминот Е е суштинска хранлива материја која делува како антиоксидант во телото. Помеѓу другите функции, витаминот Е влијае врз намалување на воспаленијата и оксидативното оштетување.

Богати се со магнезиум
Магнезиумот е најзастапениот минерал во човечкото тело и игра улога во повеќето биолошки функции.
Како резултат, минералот придонесува за регулирање на крвниот притисок, контролирање на гликозата во крвта, мускулната функција и многу други системи.

Содржат многу протеини
Бадемите се едни од најголемите извори на протеини и содржат 21,2 грама протеини на 100 грама.

Бадемите се многу хранливи
Друга придобивка на бадемите е тоа дека тие се јаткасти плодови со најмногу хранливи материи.
Бадемите содржат здрави монозаситени масти главно во форма на олеинска киселина. Овие незаситени масни киселини се неопходни за намалување на триглицеридите и ризикот од развивање на висок ЛДЛ холестерол.
Лушпата на бадемите е извор на природните пигменти наречени Флавоноиди. Тие имаат значителни антиоксидантски и против-воспалителни својства.
Флавоноидите дејствуваат заедно со витаминот Е при зајакнување на телото.

Бадемите и моќта на мозокот:
Бадемите се извор на рибофлавин и Л-карнитин. Овие хранливи материи имаат позитивно влијание врз невролошкиот систем и спречуваат когнитивно намалување. Фолната киселина (витамин Б9) присутна во бадемите е суштинска за ефикасно функционирање на нервниот систем.

Кој треба да ги користи?

• сите кои сакаат рамнотежа на организамот
• вегани и вегетаријанци
• спортисти и активни луѓе

Кои состојки ги содржат?

100% бадеми

Како и зошто се добри?

Бадемите се природна супер храна. Ако се замена за оброците со многу масти, а малку хранливи материи, тие можат да помогнат на луѓето од сите возрасти да одржуваат силно и ефикасно тело и бистар ум.
Бадемите се цврсти и преполни со хранливи материи. Обезбедуваат високо ниво на ситост, дури и ако се јадат по малку. Целокупниот внес на храна може да се намали со замена на помалку хранливите ужини со една рака бадеми.

Употреба

Бадемите можеме да ги јадеме како ужина, но има и други начини на нивно конзумирање:
– Смелете ги во брашно/оброк од бадеми и конзумирајте ги како замена за пченично брашно за поздрави печива.
– Блендирајте ги во процесор за храна за да направите путер од бадеми и користете го како зачин.
– Измешајте ги во јогурт со шумски плодови за поздрав (и вкусен) мал оброк или ужина.
Овеи идеи се само еден мал дел од рецептите со бадеми достапни на интернет.

Бидете сигурни дека никој не е алергичен на бадеми пред да ги додадете во оброците.

 

Хранлива вредностна 100гр
Енергија598 Kcal/ 2464 КЈ
Масти52 гр
од кои заситени масти4 гр
Јаглехидрати19 гр
од кои шеќери5.05 гр
Протеини21 гр
Растителни влакна11 гр
Сол1,7 гр