Опис




Опис на производот
Мача е највисококвалитетна форма на зелен чај. Се работи за сушени лисја од зелен чај, одгледуван во сенка, на кои им се отстранети жилите пред процесирањето.
Мача долги години се користи од страна на будистичките монаси по долги медитации за подобрување на концентрацијата и избистрување на умот.
Помага при губење тежина – Екстрактот од зелен чај помага за забрзан метаболизам и горење на масти, што придонесува за намалување на тежината.
Содржи многу антиоксиданти – Мача содржи концентрирана количина антиоксиданти, кои може да го намалат оштетувањето на клетките и спречуваат хронични заболувања.
Може да помогне при заштита на црниот дроб – Црниот дроб е неопходен за здравјето и игра главна улога при прочистување од отрови, метаболизирање на лекови и процесирање на хранливи материи. Мача може да спречи оштетување на црниот дроб и да го намали ризикот од заболувања на црниот дроб.
Ја зголемува функцијата на мозокот – Мачата се покажала дека го зголемува вниманието, помтењето и времето на реагирање.
Може да помогне при спречување на рак – Мачата е преполна со состојки кои се добри за здравјето, вклучувајќи некои кои се поврзуваат со спречување на рак истражувани кај животни.
Најдобро е тоа што чајот лесно се подготвува, па може без напор да се вклучи во секојдневната исхрана и да му даде на вашиот ден дополнителна арома.
Кој треба да ги користи?
• сите кои сакаат рамнотежа на организмот
• сите кои се под влијание на стрес
• спортисти и активни луѓе
Кои состојки ги содржат?
100% органски листови Мача, (Camellia sinensis), во прав
Како и зошто се добри?
Со пиењето на мача зелен чај, ги конзумираме лисјата на зелениот чај, но не само екстрактите, како во другите форми на чајот. Поради тоа, мачата е најсилната форма на зелен чај, а поради отсуството на отпадоците од листовите и корените, таа е најквалитетниот вид.
Мачата и нејзините компоненти помагаат помагаат при заштита на црниот дроб, го подобруваат здравјето на срцето и дури помагаат при намалување на тежината.
Употреба
Сипете 60-80 мл врела (но не зовриена) вода вр 2 гр прашок и измешајте.
Хранлива вредност | на 100гр |
---|---|
Енергија | 362 Kcal / 1528 kJ |
Масти | 2,5-6,5гр |
од кои заситени масти | 0-0,8гр |
Јаглехидрати | 37-53гр |
од кои шеќери | 0-2гр |
Протеини | 24,6-37гр |
Растителни влакна | 7,3-11,3гр |
Сол | 0,05гр |