Vitana > Продукти > БЕЗ ГЛУТЕН > Ореви со лушпа и сирови

Ореви со лушпа и сирови

Ореви – совршена храна за телото и умот

• Одличен извор на енергија;
• Високи количества омега 3;
• Богати со монозаситени масти, кои имаат својства за заштита на срцето;
• Највисоки нивоа на полифенолни антиоксиданти;
• Одличен извор на витамин Е

Количина: 50 кг во вреќа

За условите на продажба и цени на производите, пишете ни на следниов линк

Опис

 

Опис на производот

Да се каже дека оревите се нутритивна храна ќе биде потценувачки. Оревите обезбедуваат масти, растителни влакна, витамини и минерали – а тоа е само почеток на тоа колку оревите го одржуваат здравјето.
– Богати со антиоксиданти
Оревите имаат поголемо антиоксидантско дејство од кои било други јаткасти плодови.
Ова дејство потекнува од витаминот Е, мелатонинот и растителните соединенија наречени полифеноли кои најмногу ги има во тенката обвивка на оревите.
– Одличен растителен извор на Омега 3
Омега 3 мастите од оревите се наречени алфалиноленски киселини. Тие се неопходни масти кои придонесуваат за намалување на ризикот од болести на срце.
– Можат да ги намалт воспаленијата
Воспаленијата се основа на многу болести, вклучувајќи болести на срце, тип 2 дијабетес, Алцхајмер и рак и можат да бидат предизвикани од оксидантски стрес. Алфалиноленските омега 3 масти, магнезиумот и амино-киселината аргинин во оревите може да ги намалат воспаленијата
– Го одржуваат здравјето на цревата
Конзумирањето на ореви не ве храни само вас туку и корисните бактерии кои живеат во вашите црева. Ова го одржува здравјето на вашите црева и придонесува за намалување на ризикот од заболувања.
– Го намалуваат ризикот од појава на некои видови рак
Полифенолите во оревите можат да го намалат ризикот од појава на одредени видови рак, вклучувајќи рак на дојки, рак на простата и рак на дебелото црево.
– Помага при справување со тип 2 дијабетес и го намалува ризикот
Конзумирањето ореви може да помогне при контрола на тип 2 дијабетес и го намалува ризикот од појава на таа болест, поради тоа што оревите помагаат при контрола на вашата тежина. Оревите исто така имаат и директна контрола на шеќерот во крвта.
– Помагаат при намалувањето на крвниот притисок
Високиот крвен притисок е најголем ризик фактор за болести на срцето и удар. Истражувањата покажале дека конзумирање на 28 грама јаткасти плодови дневно, вклучувајќи и ореви, како дел од начин на исхрана здрав за срцето, можат да го подобрат крвниот притисок.
– Помагаат за здраво стареење
Додека стареете, доброто физичко функционирање е најважно за одржување на вашата подвижност и независност.
Една работа која може да помогне за одржување на вашите физички способности е здрава исхрана. Здравата исхрана која вклучува ореви помага за задржување на физичката функција, како што е пешачење и способност за грижа за себе при стареењето.
– Одржуваат добра функција на мозокот
Можеби е само случајност тоа дека лушпата на оревите личи на минијатурен мозок, но истражувањата покажуваат дека овој јаткаст плод е добар за вашиот мозок.
Оревите содржат хранливи материи кои помагаат при заштита на вашиот мозок од штетни воспалувања и ја одржуваат функцијата на мозокот при стареење.
– Го одржува здравјето на машкиот репродуктивен систем
Редовното конзумирање ореви може да помогне при спротивставување на потенцијалните штетни влијанија на лошиот начин на исхрана врз здравјето на спермата.
– Ги подобрува мастите во крвта
Дневна доза од 43 грама порција ореви може да придонесе за намалување на нивоата на штетниот холестерол и триглицеридите, кои претставуваат ризик од срцеви заболувања.
Оревите се исклучително хранливи. Имаат повисоко антиоксидантско дејство и значително повеќе здрави омега 3 масти од кои било други јаткасти плодови.

Кој треба да ги користи?

• сите кои сакаат рамнотежа на организмот
• вегани и вегетаријанци
• спортисти и активни луѓе

Кои состојки ги содржат?

100% ореви

Како и зошто се добри?

Извонредните резултати од оревите не завршуваат овде
– Се знае дека имаат многукратни придобивки, вклучувајќи:
Го чистат желудникот и цревата од отрови.
Ги отстрануваат масните наслаги.
Ја намалуваат потребата да се јаде често и во големи количини.
Помагаат при артритични болки.
Го намалуваат целулитот и ја тонираат вашата кожа (со намалување на вишокот
масни наслаги).
Го намалуваат холестеролот и триглециридите, помагајќи при намалување на
високиот крвен притисок. Ги тонираат мускулите (со намалување на вишокот масти)
Оревите содржат хранливи материи кои придонесуваат за заштита на мозокот од штетни воспаленија и овозможуваат добра функција на мозкот при стареењето.

Во иднина веројатно повеќе ќе слушаме за оревите поради тоа што има сè повеќе студии кои ги истражуваат нивните придобивки за здравјето.

Употреба

Јадете ги оревите сирови или:
Посипани на зелени или овошни салати;
Ситно смелени во сосеви и намази;
Исечени и употребени во интегрален леб и земички;
Искршени и употребени со риба или пилешко месо;
Малку запржени во вашиот омилен рецепт;
Печени, исечени и измешани со тестенини или зеленчук;
Како масло во сос со оцет;
Или пребарајте на Интерет дополнителни идеи со вкусни рецепти.

Бидете сигурни дека никој не е алергичен на ореви пред да ги додадете во вашите оброци.