Опис
Опис на производот
Според старите легенди, овесот е одговорен за силата и здравјето на Шкотите. Традиционалниот шкотски појадок секогаш вклучува овес.
Овесот е вкусен, практичен и здрав. Овесот е брз, хранлив оброк кој заситува и обезбедува енергија за целиот ден.
Го намалуваат холестеролот
Снегулките од овес содржат бета-глукан кој со својата посебна форма го намалува лошиот холестерол.
Го регулираат дигестивниот систем
Богати се со растителни влакна кои го намалуваат создавањето гасови и спречуваат опстипација.
Помагаат при губење тежина
Поради тоа што овесот има многу растителни влакна, предизвикуваат чувство на заситеност, додека бета-глуканот помага за намалување на апетитот.
Го одржуваат здравјето на срцето
Ова се должи на тоа што овесот содржи многу омега 3 масни киселини, фолна киселина, калиум и калциум – сите масни киселини, витамини и минерали кои се добри за срцето.
Ја штитат кожата
Овесот е одличен за сува и иритирана кожа. Скробот кој го има во овесот создава пречка која помага на кожата да ја задржи својата влага. Може да се користи и како пилинг за кожа.
Овесните снегулки се одлични за правење маски, купки и пилинзи за тело.
Имаат смирувачко дејство
Иако овесните снегулки вообичаено се препорачуваат како појадок, тие се добар избор на храна пред спиење.
Оброкот од овес содржи мелатонин, сложени јаглени хидрати и триптопан кои имаат смирувачко дејство и витамин Б кој стимулира создавање на серотонин – хормон на среќа.
Даваат енергија
Овесниот оброк е одличен извор на јаглени хидрати и протеини кои му даваат енергија на вашето тело.
Го зајакнуваат имунитетот
Бета-глуканот е најмоќниот природен поттикнувач и стимулатор на имунитетот. Може повеќекратно да го зголеми имунитетот.
Овесните снегулки се едноставно вкусни! – уживајте
Кој треба да ги користи?
• сите оние кои се свесни за важноста на здрава и балансирана исхрана
• сите кои сакаат рамнотежа на организмот
• вегани и вегетаријанци
• спортисти и активни луѓе
Кои состојки ги содржат?
100% органски тенки овесни снегулки (Avena sativa)
Како и зошто се добри?
Овесните снегулки подготвени како овесен оброк се вкусна ужина која може да се вклучи во секојдневното мени.
Поради тоа што содржат високи количества минерали и растителни влакна, овесните снегулки имаат многу придобивки за здравјето. Тие содржат минерали и витамини меѓу кои се манган, молибден, фосфор, бакар, магнезиум, хром, цинк, калиум, калциум, Б витамини, фолна киселина, пантотенска киселина, колин и витамини К и Е.
Појадокот составен од овесни снегулки помага за стабилизирање на нивоата на шеќер во крвта.
Овесот е ниско гликемична храна, што значи дека нивното влијание врз кревањето на нивоата на шеќер во крвта е минимално.
Поради тоа, овесните снегулки се добредојдени како дел од исхраната за дијабетичари.
Употреба
Директно конзумирање или зготвени.
Овесните снегулки се готват за многу кратко време. Зовријте вода или млеко, додадете ги овесните снегулки, оставете ги во садот една или две минути, промешајте добро и подготвени се за јадење. Користете 1:3 сооднос на овесни снегулки и вода (1 шолја овесни снегулки и 3 шолји вода).
Хранлива вредност | на 100гр |
---|---|
Енергија | 1566 kJ /372 kcal |
Масти | 7гр |
од кои заситени масти | 1,3гр |
Јаглехидрати | 59гр |
од кои шеќери | 1,1гр |
Протеини | 13гр |
Растителни влакна | 10гр |
Сол | 0.03гр |