Vitana > Products > БЕЗ ГЛУТЕН > ЦРВЕНА ЛЕЌА ОРГАНСКА

ЦРВЕНА ЛЕЌА ОРГАНСКА

199ден

Органска црвена леќа – висококвалитетен растителен протеин

-100% органско производство
-Производ без глутен;
– Големи количества на квалитетен растителен протеин;
– Високи количества железо, минерал кој телото го користи за пренос на кислород до крвта;
– Богат со растителни влакна кои помагаат за редовна столица и развој на здравите бактерии во цревата;
-Богата со селен, цинк и витамин Б1
-Одличен извор на фосфор, манган и фолна киселина.

Нето количина 500 гр

Не е на залиха

Опис

 

Опис на производот

Црвената леќа е составена од 25% протеин, кој ја прави одлична замена за месо. Исто така, леќата е одличен извор на железо, минерал кој понекогаш недостасува во вегетаријанската исхрана.

Одличен извор на Б витамини, железо, магнезиум, калиум и цинк. Исто така, леќата е добар извод на растителен протеин и растителни влакна.

Конзумирањето на леќа е поврзано со целокупно намален ризик од заболувања на срцето, поради тоа што има позитивни влијанија врз неколку ризик фактори.
Црвената леќа може да го заштити вашето срце преку поддршка на губењето тежина, спречување на таложење на хомоцистин во вашето тело и подобрување на нивоата на холестерол и висок крвен притисок.

Кој треба да ги користи?

• сите кои сакаат рамнотежа на организмот
• вегани и вегетаријанци

Кои состојки ги содржат?

100% органска цела црвена леќа (Lens cilinaris)

Како и зошто се добри?

Конзумирањето на леќа има многубројни придобивки за здравјето. Поради тоа што е богата со протеини, а има мали нивоа на масти, леќата е одлична замена за месо и може да го подобри здравјето на срцето.
Уживајте во вашиот оброк полн со висококвалитетен растителен протеин!

Употреба

Леќата се готви едноставно. За разлика од многу други мешунки, леќата нема потреба да се кисне однапред и може да се свари за помалку од 20 минути.

Најдобро е да се измие пред готвење, за да се отстранат нечистотиите.

Потоа се става во сад покриена со вода и малку сол, се вари откриена околу 15-20 минути.

Откако ќе се свари, се цеди и плакне во студена вода за да се спречи понатамошно варење.

 

Хранлива вредностна 100гр
Енергија383 Kcal/ 1623 kJ
Масти0-3гр
од кои заситени масти0-0,8гр
Јаглехидрати59.4-75.4гр
од кои шеќери0-2гр
Протеини19-28.4гр
Растителни влакна1.2-5.2гр
Сол0,02гр