Чоко-чиа пудинг е совршена варијанта за здрав десерт или пак за здрав појадок и почеток на денот. Се подготвува многу брзо и едноставно и претставува една богата ризинца на хранливи состојки.
Интересни факти за чиа семето:
- чиа семето содржи 8 х повеќе Омега-3 од лосос
- 30% повеќе антиоксиданти од капина
- 25% повеќе влакна од ленено семе
- 5 х повеќе калциум од млеко.
Потребни состојки:
- 3 лажици чиа семе
- 1 лажичка какао
- 1 лажица мед
- 3 лажици мелени лешници
- околу 100 ml млака вода.
Начин на подготовка:
Сите состојки ги мешаме во чаша или тегличка и полека ја додаваме водата. Оставаме да отстои околу 2 часа, време кое е потребно чиа семето да ја впие водата и да пушти слузи (исто така можете пудингот да го направите и навечер и да го оставите во фрижидер за следниот ден).
На здравје!