Оризот во Македонија и Кочани

Оризот (Oryza sativa L.) е една од наjстарите житарици

Оризот (Oryza sativa L.) е една од најстарите житарици. Оризот за прв пат во Македонија почнал да се одгледува откако Александар Македонски се вратил од воениот поход во Индија (во 356-323 пр.н.е.) и повторно во XIV век со Турците се распространи во сите региони во државата со исклучок на планините. Производството на ориз во Република Македонија е концентрирано главно во источниот дел по течението на реката Брегалница во регионите на Кочани, Штип, Виница и Блатец, а во помалите области, исто така, е застапен во регионите на Велес и Пробиштип.Благодарение на научно-истражувачкиот труд направен од страна на институтите во Македонија, се одгледуваат следните домашни сорти ориз: Бр-69, Бр-51, бисер-2, кочански, осоговка, нада-115, ранка, прима риска и монтеса. Италијански сорти монтичели, п-76/6, сант андреа и драго беа воведени и регистрирани кои се карактеризираат со својствата потребни на пазарот. Од 2011 година, со поддршка и отпочнување на „ТИКА“ (TIKA) (Турска агенција за економски развој), турските сорти ГАЛА, ЕФЕ, ХАЛИЛБЕЈ, ГОНЕН, КИРКПИНАР беа тестирани во Кочани и се постигнаа мошне успешни резултати. Во 2015 година, беа засадени околу 50% турски, 10% локални и 40% италијански сорти во Кочани.

Долината на Кочани припаѓа на групата на т.н. континентални субмедитерански предели кои се карактеризираат со најизразено преместување на континентална и медитеранска клима и со високи температурни амплитуди. Климатските услови во регионот главно зависат од географската положба и релјефот. Температурата е значаен фактор кој има големо влијание врз биохемиските процеси на оризот. Во прилог на ова, неопходни се оптимални температури, како и ограничените вредности во кои не може да се одгледува. Потребната просечна дневна температура на воздухот за време на вегетација за успешно одгледување на ориз треба да биде помеѓу 18-20 °C.   

На оризот му е потребна интензивна сончева светлина, додека дифузна светлина го пролонгира периодот на созревање. Во регионите каде се одгледува ориз не треба да има силен ветер кој може да овозможи вршење на зрната од метлицата, сплескување или откорнување на целото растение. 

Збирот на температурата за време на вегетација на оризот во кочанскиот регион е во рамки од 2700 °C до 4500 °C што значи дека основните услови на одгледување, како топлина, вода и светлина се погодни за одгледување на ориз.

Одличен извор на енергија
Оризот содржи антиоксидантски својства кои го штитат срцето преку намалување на појавата на срцеви заболувања и удар.

Голема хранлива вредност
Белиот ориз е богат со минерали како калциум и железо; исто така е богат со витамини, како ниацин, витамин Д, тиамин и рибофлавин.

Ја контролира појавата на заболувања
Оризот поседува антиоксидантски својства кои го штитат срцето преку намалување на појавата на срцеви заболувања и удар.

Спречува опстипација
Оризот содржи многу мали количества натриум, па затоа помага при контролирање на високиот крвен притисок. Тој е одличен извор на здрави растителни влакна. Тие помагаат при развојот на корисните бактерии кои го подобруваат варењето и ја регулираат столицата.

Храна без глутен
Оризот не содржи глутен, поради тоа може лесно да се вклучи во секојдневната исхрана на луѓе кои страдаат од проблеми со цревата и оние кои се алергични на протеини кои ги има во пченицата, јачменот, `ржот и овесот.

Оризот е многу хранлив и неопходен за зајакнување на здравјето.

Кој треба да го користи?

• сите кои сакаат рамнотежа на организмот
• вегани и вегетаријанци
• спортисти и активни луѓе

Како и зошто е добар?

Запомнете дека јаглехидратите во оризот се апсорбираат полесно бидејќи неговите гранули се многу полесни отколку гранулите на другите житарки, па желудникот брзо ги вари и ги претвора во енергија која веднаш е достапна за вашето тело.