Тортиљи со туна и зеленчук

СОСТОЈКИ

Тортиљи(2 )

Авокадо(1 помало )

Морков(1 помал )

Краставица(1 помала )

Туна во конзерва(180 Грама)

Мајонез или павлака

Марула(2 Листови)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 15 минути

  1. Авокадото изблендирајте го или ситно исечкајте го и испасирајте го, морковот изрендајте го, а краставицата исечете ја на тенки ленти.
  2. Половина од авокадото ставете ја на една тортиља, па додајте половина од исцедената туна, морковот и краставицата.
  3. Премачкајте ја тортиљата со половина од мајонезот и додајте лист сечкана марула. Свиткајте ја тортиљата во ролат и исечете ја на 6 парчиња.
  4. Постапката повторете ја со останатата тортиља и со состојките. Добар апетит!