Посни, вегански и вкусни рецепти

ВЕГАНСКА ПАШТЕТА ОД ГРАВ

Состојки:

Грав Азуки (100 Грама)

Праз

Кромид(1 Главица)

Зелена пиперка(1 )

Таан од сусам(1 Супена лажица)

Суво оригано(1 Прстофат)

Хималајска сол Витана (1 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

  1. Најпрвин сварете го гравот.
  2. Во садот од кујнскиот миксер ставете ги варените зрна грав и додајте поситно исечкан праз и малку кромид, поситно исечкана пиперка (оние кои сакаат пикантен вкус, може да стават лута пиперка или буковка).
  3. Ставете две до три лажици вода во која се варел гравот и измиксајте со блендерот.
  4. Смесата ставете ја во сад и додајте една лажица сусамов таан.
  5. Зачинете со малку суво и ситно изронето нане или оригано (по желба) и додајте сол по вкус.

ОВЕСНИ, БАНАНА КОЛАЧИЊА

Состојки:

2 банани

125 гр. Кокос

70гр. Органски овесни снегулки

80.гр темно чоколадо

ПОДГОТОВКА
Бананите се пасираат со кокосот и овесните снегулки. Од смесата се формираат топчиња или било која форма сакате и се печат во загреана рерна на 180°С околу 15 минути. Изладени се преливаат со 80 гр. растопено чоколадо или какао со растопено кокосово масло.

ИНТЕГРАЛНА ПРОЈА СО СЕМКИ

1 шолја интегрално брашно
1 шолја мелени киноа снегулки
1 ќесичка пециво
½ шолја маслиново масло
1 ½ шолја кисела вода
100 гр. Маслинки
сусам, чиа, ленено семе и сончоглед

ПОДГОТОВКА
Ова е брз рецепт за вкусна, посна и веганска интегрална проја.

1.Се мешаат посебно сувите (интегралното брашно, снегулките и пецивото) и течните состојки (маслиново масло и кисела вода).

2.Потоа во течните постепено се додаваат сувите состојки со постојано мешање со лажица за да не се направат грутки.

3.Добиената смеса се истура во тава намрсена со малку масло.

4. Во смесата насекаде се ставаат маслинките и се потиснуваат внатре во смесата.
Одозгора се наросува сусам, органско чиа семе, сончоглед и ленено семе

5. Пројата се пече во претходно загреана рерна на температура 180-200 степени 30-40 мин.

Добар апетит!