Витана Трејд ДООЕЛ е компанија за трговија со здрава храна. Ние нудиме внимателно избрани, висококвалитетни продукти произведени од реномирани одгледувачи од локалните заедници и целиот свет.
Нашата цел е најдобрата, најчиста и најнутритивна храна да биде дел од нашето портфолио. Секој производ кој го нудиме е предмет на неколкукратна контрола на квалитет за да се увериме дека ги исполнуваме највисоките стандарди на пазарот.
Освен на нашата онлајн продавница која ви е достапна 24 часа, 7 дена во неделата, нашите производи отсега можете да ги најдете и во Матија, Мар Вик, Моринга, аптека Сара Фарм и Виола.
Храната игра значајна улога во подобрување на квалитетот на животот, а на дневно ниво ни ја дава неопходната енергија за активен живот. Правилното користење на храната во голема мера ја подобрува реакцијата на секојдневниот стрес и е најважен фактор за превенција на појавување на хронични заболувања: дијабетес, малигни заболувања, висок крвен притисок како и одржување на стабилно ниво на телесна тежина.
Да изгледате и да се чувствувате прекрасно не е привилегија, туку избор! Изберете здрава храна, изберете ВИТАНА.