Природен лек за подобрување на крвната слика

Со анализа на крвта во лабораторија можете да утврдите дали нивото на хемоглобинот во крвта ви е нормално или ниско. Доколку се воспостави дека е ниско, тоа значи дека вашата крв има помал капацитет да го транспортира кислородот до сите клетки во организмот. Ваквата состојба доведува до појава на анемија (слабокрвност).

Народната медицина нуди многу природни лекови за подобрување на крвната слика, т.е. за зголемување на хемоглобинот во крвта. Некои од тие народни лекови ќе ви ги препорача и вашиот лекар, доколку е запознат со нивното ефикасно дејство.

Доколку сакате вашата крвна слика да биде што подобра и да го зголемите нивото на хемоглобинот, а со самото тоа да спречите појава на анемија, тогаш следниов ефикасен рецепт ќе ви биде од голема корист.

Состојки:

  • 200 гр природен пчелин мед
  • 200 гр ореви
  • 200 гр суво грозје
  • 200 мл сок од цвекло
  • 200 мл сок од морков
  • 2 лимони

Подготовка:

Измијте ги лимоните, пресечете ги на половина, отстранете ги семките доколку ги има, потоа измелете ги во машина за мелење месо. Мелените лимони ставете ги во сад и додадете мед, сок од морков и сок од цвекло, па добро измешајте за да се соединат состојките. На самиот крај, во добиената смеса додадете ситно сецкани ореви и исецкано суво грозје, па потоа повторно измешајте.

После подготовката, добиениот природен лек за зајакнување на крвната слика можете да го ставите во тегла од 1 литар. Консумирајте го три пати на ден, пред секој оброк, по една супена лажица. Позитивните резултати нема да изостанат!