За велигденските празници како десерт на вашата трпеза понудете ја неодоливата чизкејк од малина и ванила. Денеска ќе ви понудиме здрава верзија на традиционалниот Чизкејк рецепт, базирана на апетисани и свежо овошје.
Ванилата и маскарпоне кремсирот го доловуваат вкусот на традиционалниот рецепт а, додека малините го освежуваат десертот. Брзо за приготвување,здраво и вкусно!
Потребни состојки
База
1/2 шолја мелени ореви
1 шолја мелени интегрални бисквити
1/2 шолја млеко
6 свежи урми
2 лажици путер
1 лажичка екстракт од ванила
1/2 лажичка сол
Фил
300 грама маскарпоне кремсир
1 шолја кисела павлака
1/2 шолја шеќер во прав
1 лажичка екстракт од ванила
Џем од малина
2 шолји свежи малини
1/2 шолја шеќер во прав
Најпрво пригответе ја базата со соединување и блендирање на состојките, додека не се добие мека мешавина. Мешавината префрлете ја во сад за торта, уредно оформете ја и оставете ја во фрижидер. Изматете ги сите состојки за филот додека не добиете кремаст финиш и додадете го над базата. Малините и шеќерот изблендирајте ги во посебен сад. На крај премачкајте со џемот од малина и оставете ја тортата да одстои во замрзнувач од 2 до 3 часа,додека филот не се здрви. Сервирајте и уживајте!