Неколку корисни совети за исхрана за време на Велигденските празници

Не е тајна дека Велигденските оброци се масни. богати со калории и што е најлошо најобилни се. Секој на диета знае дека клучот за успехот лежи во мали, лесни, но добро избалансирани оброци, разумно распоредени во текот на денот. Затоа, за Велигден, вистинскиот став не е: “Ќе јадам само супа, варени јајца и салата колку што сакам”, а би требало “Ќе се обидам од сето тоа по  малку да јадам, и ќе го распределам јадењето низ целиот ден”. На овој начин, ќе ја задоволите желбата за деликатеси. Следниот чекор е традиционална храна да се освежи со ниви производи. На пример, во компир салата може да се додаде варено говедско месо. Исто така, варени јајца може да се комбинираат со урда и разни зеленчуци. Со малку фантазија и многу зеленчук, можно е да се создадат вкусни јадења, кои ја вклучуваат традиционалнита велигденска храна. Веројатно една од најголемите стапици на Велигден лежи во изобилството на колачи. Лицето на диета не мора да се откаже од ова задоволство, туку да избегнува чоколадни и кремасти сорти. Овошни колачи , бисквити се дозволени, се разбира во мали количини.

Еве неколку практични совети кои ќе им помогнат за време на Велигден и  да се избегнат сите стапици што се кријат во исхраната:

  • Јади од мал тањир кој сте го наполниле само еднаш.
  •  Џвакајте бавно затоа што чувството на ситост касни 10-15 минути, па така најлесно ќе се почувствуваш кога си сит.
  •  Секогаш отстранете ја видливата маст од варенато месо.Иако јајцата со сиромашни со калории сè уште се релативно богати со холестерол.
  • Оставете ја француската салата за некое друго време, а сега јадете салати од различен зеленчук или, на пример, да ги комбинирате варени јајца со свежо кравјо сирење. Ако се уште е тешко да се откажеш од француската салата, подготви ја со посен мајонез и уживај во умерено јадење.
  • Ако супата е доволно мрсна, отстранете ја маснотијата од површината со лажица
  • Помало парче торта нема да ја загрози вашата исхрана.
  •  Избегнувајте газирани пијалоци, засладени сокови и жедта задоволете ја со обична или газирана минерална вода Заборавете на алкохолот, бидејќи тие се богат извор на “празни” калории.
  • Ако сакате да наздравите со вашето семејство и пријатели, земете чаша црно вино.

Велигден не е изговор за да се избегне физичката активност, па не заборавајте барем една прошетка по ручекот