Ален Тејлор, од Обединетото кралство тврди дека ракот во својот организам го излекувал со куркума. Ова негово тврдење неодамна беше објавено и во најтиражниот весник.
На 78 годишниот Тејлор, лекарот му рекол дека е заболен од неизлечив вид на рак. Тој решил да не и се предаде на болеста. Одлучил, помош за себе да побара на Интернет. Читајќи, го пронашол тоа што го бара. Започнал во својата исхрана да користи суплементи. Пронашол и природен здравствен план каде што бил вклучен и куркуминот. Почнал да го применува со надеж дека ќе се излекува од тешката болест. После само четири месеци, пензионираниот инженер бил излекуван. Кога отишол на преглед кај лекарот, тој, едноставно, констатирал: „се е чисто„.
Куркуминот има сиромашни својства на асорпција. За да се постигне корисниот ефект од него за кој зборуваат научните студии во светот, потребни се големи дози од 95 отсто-куркумин. Оттука, најдобро е тој да се користи во форма на капсули за со сигурност да се знае дека ќе има благотворно дејство.
ЧУДОТВОРЕН ЗАЧИН
Куркумата е тропско растение кое расте во Индија. Таму се користи илјадници години наназад, како зачин, како лек и како природна боја. Медицинските својства на куркумата се разоткривале постепено низ вековите. Најновите научни истражувања покажуваат дека оваа билка е вистинско чудо на природата. Со нив се потврдуваат нејзините многубројни лековити својства и тоа во лекување на огромен заболувања почнувајќи од ракот, па се до Алцхајмеровата болест.
Антибактериски својства
Куркумата треба да се користи во секојдневната исхрана. Тоа го тврдат сите компетентни стручњаци. Причини има многу. Првенствено, тоа е неопходно заради нејзините антисептички и антибактериски својства, корисни за дезинфекции на рани и опекотини. Се тврди дека таа спречува развој на ракот на дојката, а е и природна превенција од меланоми. Освен тоа, се вели дека го чисти црниот дроб на природен начин и е одличен лек против болки.
Секако, позната е и по тоа што го регулира метаболизмот и помага во слабеење. Помага и во лекувањето на псоријазата и на другите воспалителни процеси на кожата, а досегашните истражувања за влијанието на куркумата врз работата на тироидната жлезда, покажале многу позитивни резултати.
За поздрав желудник
Најновите истражувања покажале и тоа дека куркумата е исклучително влијателна за ублажување на болките при воспаленијата на желу¬дник и на чир. Експертите се надева¬ат дека нивното откритие ќе придонесе за развојот на нови лекови против проблемите со желудникот.
Главната состојка на куркумата се нарекува куркумин. Всушност, таа е „виновна„ за големиот број здравствени способности. Куркумата може да се користи во прав, или во капсули. При готвење, може да се додава во многу рецепти. Оди и со солени и со благи јадења. Со неа може да се посоли оризот, многу јадења од зеленчук, убаво прилега и во супите, а и тестото за паланчинки добива посебен вкус, ако во него се додаде куркума. На јадењата им дава убава златно-жолта боја и пријатна арома.