Наликуваат на бургер, но во овој случај здрави ,полни со нутритивни вредности, посни и идеални за вегани!
Се што е потребно:
2 млади средно големи тиквички
1 голем варен компир
1 шолја варена органска киноа Витана
1/2 главица кромид
1 лаж. сув зачин
1/2 лаж. Хималајска сол Витана
Најпрво се вари киноата и компирот. Во друг сад на ренде ги сецкаме двете тиквичките заедно со кромидот. Веќе сварениот компир и киноа се ставаат во блендер да се добие убава леплива смеса.Се додаваат во смесата со двете тиквички и кромидот, заедно со зачините.
На веќе загреана тава заедно со 1 лажичка маслиново (може и не мора) со лажичка ја нанесуваме смесата во кружни облици. Се пржи 1-2 минути додека не заруменат.
Може да се испечат и во рерна, во веќе загреана на температура од 200°С 15-20мин.