Оваа житарица Новак Ѓоковиќ ја консумира секој ден

Максимално го зајакнува имунитетот и помага во регулирање на холестеролот. Оваа житарица ги содржи сите 8 аминокиселини кои му се потребни на човекот, за разлика од останатите житарици кои содржат најмногу 3.

Нутриционистите нагласуваат дека секој ден на нашата трпеза треба да се најде барем една шака житарици. Ваквиот начин на исхрана претставува превенција од срцеви болести, карцином, дијабетес и други тешки хронични заболувања.

На луѓето на кои им пречи глутенот или страдаат од целијакија, како тенисерот Новак Ѓоковиќ, важно е да одберат житарици кои не го содржат. Токму затоа најдобриот тенисер на светот ја одбира киноата.

Таа содржи повеќе протеини, витамин Б, нутритивни влакна и минерали од многу други житарици.

Важно е да се напомене дека киноата ги содржи сите 8 аминокиселини кои му се потребни на човекот, за разлика од другите житарици кои содржат најмногу 3. Дури и Обединетите нации ја прифатија киноата како суперхрана.

За сè да биде уште подобро, киноата не содржи глутен и е многу лесна за варење.

Киноата е всушност псевдожитарица бидејќи се приготвува, консумира и содржи исти нутритивни вредности како и житарките, но спаѓа во семејството треви.

Киноата е богата со многу минерали како што се магнезиум, манган, железо, бакар, фосфор, цинк, селен, калиум и калциум, кои се неопходни за правилно функционирање на човечкиот организам.

Покрај минерали, содржи и голема количина на витамини, и тоа витамини од групата Б и витамин Е. Исто така содржи и голема количина на влакна, па затоа поволно делува на метаболизмот.