Органските киноа снегулки се супер за протеински топол појадок богат со растителни влакна, кој е исто така и безглутенски. Киноата претставува природен извор на витамин Б6 и минерали од кои во најголема количина: манган (ги штити клетките од оксидативен стрес и ги подобрува психичките перформанси) и бакар (за одржување на нормална функција на нервниот систем). Киноата е богат извор на протеини (100гр. семе од киноа содржи 14,1гр протеини – 28% од дневната препорачана доза) за одржување на мускулната маса и нормални клетки, и регулирање на тежината бидејќи протеините помагаат во регулација на апетитот. Заедно со богатата содржина на растителни влакна и ниското ниво на масти (не содржи транс масти) даваат чувство на ситост кои ја прават киноата погоден додаток во исхраната на лица кои сакаат да ја намалат својата телесна тежина.
Киноа салата со грашок
СОСТОЈКИ
Киноа снегулки(1 Чаша)
Грашок(2-3 чаши замрзнат )
Фета сирење(120 Грама)
Пржена сланина(6 Парчиња)
Свеж босилек
Коријандер
Мелени бадеми(1/2 Чаша)
Свеж сок од лимон(1/3 Чаша)
Маслиново масло(1/3 Чаша)
Сол(1/4 Кафена лажица)
Мед(по вкус )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Сварете ја киноата според упатството на пакувањето. Може да ја сварите од претходниот ден, па да ја оставите да се олади целосно во фрижидер.
- Одмрзнете го грашакот (или сварете свеж грашак, па оставете да се олади) и измешајте го со киноата, фета сирењето, пржената сланина исечена на парчиња, свежите исечкани билки и мелените бадеми.
- Исцедете го сокот од лимон и измешајте го со маслиновото масло, сол и мед, па прелијте ја салатата со преливот.