Ако сè уште немате пробано да направите домашен сладолед, време е да го смените тоа! Можеби ви изгледа како премногу комплицирана мисија или дека ви се потребни некакви специјални апарати, но навистина не е така. Сè што ви треба е малку добра волја, слободно време и, се разбира, едноставен рецепт.
Состојки:
4 банани
250 г индиски ореви или ореви
2 лажици кокосово масло
3 лажици какао
Засладете по желба со мед, агава, јаворов сируп…
Приготвување:
Дел од приготвувањето се прави претходната ноќ. Исечкајте ги бананите и оставете ги во кеса во замрзнувач да преноќат. Утредента, ставете ги замрзнатите парчиња банана во бледнер, додајте ги оревите, кокосовото масло и засладете по желба. Блендирајте додека добиете мазна смеса. Преместете ја во сад, поклопете ја и замрзнете ја да се стегне (4-6 часа).
Пред сервирајте, оставете го сладоледот 10-тина минути на собна температура за да обликувајте убави топки.
![](https://www.ubavinaizdravje.mk/wp-content/uploads/2019/07/Sladoled-Thinkstock-Photos.jpg)