Грашокот е семе од едногодишното растение Pisum sativum и спаѓа во семејството на мешункасти плодови, заедно со гравот, леќата, боранијата итн. Присутен е во исхраната на човекот со векови, низ целиот свет. Кај нас исто така се одгледува и често се користи во различни рецепти. Многу често е обработуван од конзервната индустрија во вид на смрзнат грашок или пак во конзерва. Во минатото неговата хранлива вредност била потценувана, но денес се повеќе истражувања го укажуваат спротивното.
Типично, како и сите мешунки, грашокот содржи одличен процент на протеини, растителни влакна, но и антиоксиданти. Со текот на неговото зреење, содржината на јаглехидрати се намалува, а на протеини оди нагоре и до 23%.
Протеинот од грашок во прав е суплемент добиен од екстракција на протеин од зрно грашок. Претставува идеален додаток во производи за зголемување на количината на протеин. Протеинот од грашок е од растително потекло и хипоалерген.
Протеинот од грашок ги содржи сите девет основни аминокиселини кои вашето тело не може да ги создаде и мора да ги добие од храна.
Протеините од ГРАШОК се богати со витамини и минерали како витамин Е, железо, магнезиум, цинк, фосфор и калиум.