Стевиата е природен и здрав нискокалоричен засладувач кој потекнува од растението Stevia rebaudiana, познато како “сладок лист“ употребувано уште од страна на индијанските племиња пред повеќе од стотици години токму поради своите извонредни карактеристики.
Листовите на ова растение се берат и се сушат тогаш кога ќе постигнат највисок степен на слаткост. Исушените листови се потопуваат во вода за да се ослободат супстанциите со најдобар вкус. Потоа екстрактот се филтрира, се прочистува, се суши и се кристализира. Крајниот производ е засладувач со голема чистота кој може да се користи во комбинација со други засладувачи, како шеќер и овошен сок, со цел производство на одлични нискокалорични или бескалорични производи или производи со намален број калории.
Претставува 100% природна алтернатива за белиот шеќер, со низок гликемиски индекс и без додадени вештачки засладувачи. Стевиата е растение со многубројни здравствени придобивки: придонесува кон намалување на тежината, нормален крвен притисок, регулација на дијабетес и заштита на орално здравје.
Стевиа и дијабет
Имајќи предивид дека стевиата нема калориска вредност, таа нема никаков ефект на зголемување на глукозата во крвта и следствено, не води кон соодветен инсулински одговор. Така, таа е особено погодна за дијабетичарите.
Постојат бројни студии кои ја поврзуваат стевиата со корисни ефекти при дијабет. Според Американските здруженија за здравје на срцето и за дијабет, стевиата (и сличните природни засладувачи), може да биде корисна за луѓето со дијабет ако се користи соодветно и во склоп на она што значи здрава исхрана и соодетен обем на порции.
Според заклучоците на достапните релевантни студии, стевиата може да ги понуди следните корисни дејства за луѓето со дијабет:
▫ потенцијално антиоксидативно дејство – намалување на хроничното воспаление во организмот и на тој начин борба против честите хронични заболувања (болести на модерното време).
▫ контролирање на шеќерното ниво во крвта – по оброците, но и при гладување.
▫ подобрено чувство на ситост и намален глад
▫ помала потреба за ,,екстра” оброци (калории) во текот на денот
▫ заштитно дејство во однос на црниот дроб и оштетувања на бубрезите
▫ подобрен липиден профил – ниво на триглицериди (масти) и вкупен холестерол.
▫ поеколошки засладувач – бидејќи има 150-300 пати поголема слаткост, значи помалку се употребува од шеќерот, а може да ја исполни истата цел.
Други корисни дејства на стевиата
• Поуспешно слабеење
Бидејќи стевиата не содржи калории, а засладува, освен што е корисна за дијабетичарите, може да биде од помош и од луѓето кои имаат намера да ослабат, односно да биде користена како здрава замена за шеќерот. Ова особено важи за луѓето кои често користат шеќер како засладувач.
• Може да делува на намалување на крвниот притисок
Едно истражување покажува дека одредени гликозиди на екстрактот од стевиа можат да поттикнат подобра дилатација, односно опуштање на крвните садови, што води кон нормализирање на високиот крвен притисок.
• Не предизвикува кариес