Се наоѓаме на прагот да испратиме уште една година во која несомнено си докажавме дека здравјето е највредното богатство на човекот. Зад нас е тешка година во која уште еднаш пандемијата завзема главна улога, година која не научи дека треба сите ние сплотени меѓусебно да ги надминеме и најтешките мигови на човештвото.
Водени од идеалот да го дадеме нашиот личен придонес кон подобрување на здравјето на луѓето, во услови на глобални здравствени предизвици одлучивме да ја основаме ВИТАНА.
За нас 2021ва беше година полна со предизвици, многу нови соработки, посветена работа и неисцрпни идеи. За нас 2021ва беше напорна, но успешна година, година во која е вложено многу љубов и внимание, година во која беше создаден првиот производ под брендот ВИТАНА. Активно работевме на проширување нашето портфолио и водени од желбата да ги задоволиме различните потреби на потрошувачите, понудивме здрави, органски и вегански производи за сечиј вкус. За нас 2021ва беше отворањето на нашата онлајн продавница www.vitana.mk и отворањето на нашето прво продажно место во East Gate mall. За нас 2021ва беше година во која го проширивме и зацврстивме тимот, ги реализиравме поставените цели, отворивме нови хоризонти и поставивме нови граници.
И што е најважно, допринесовме со нашата цел, да понудиме природна, органска и нутритивна храна наменета за сите оние што сакаат да инвестираат во зачувувањето на своето најголемо богатство – здравјето. Но, ние тука не застануваме, со нетрпение ја очекуваме следната година, со сите нејзини предизвици и сите наши цели реализирани. Ви благодариме на сите кои учествувавте во креирањето на нашата нова приказна!
Пред се ви посакуваме здравје и топлина во срцата и домовите. Ви посакуваме незаборавни мигови и најубави желби исполнети. Ви посакуваме среќни празници и незаборавен почеток на новата година!
Тимот на ВИТАНА!