Медот, повеќе од два милениума се користи и се користел низ сите земји и култури на светот во рамките на здравата, лековитата и органската храна. Медот се користи не само како прехранбен производ, туку и е опишан во традиционалната медицина како алтернативен лек за клинички состојби, почнувајќи од заздравување на рани до лекување на карцином. Заради својот благ и неодолив вкус, и сите здравствени придобивки кои ги нуди уште од дамнешно време го нарекувале НЕКТАР НА БОГОВИТЕ!
ВИТАНА органскиот и шумскиот мед се произведен во еколошки чистите региони на Македонија, може да се најде во повеќе бои: од светло жолта до темно кафеава боја. 100% природни , сладки , направени исклучиво од пчели.
Веруваме дека сите сме свесни за бенефитите од НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТО – МЕДОТ , но сепак ние ви издвоивме неколку здравствени придобивки кои го прават медот наизбежен производ во секојдневната употреба :
Го зајакнува имунитетот !
Медот е богат со антиоксиданси и антибактериски својства кои влијаат во зајакнување на имунитетот. Со само 2 – 3 лажици дневна конзумација си помагате себе си во зајакнување на имунитетот особено во период на сезонски грип и covid пандемијата.
Го лекува воспалението на грлото и ја намалува кажлицата !
Доколку имате настинка, земете лажица мед. Медот е стар лек против болки во грлото. Истражувањата покажуваат дека медот е ефикасен како декстрометорфан, честа состојка во лековите за кашлица.
Дејствува како природен антисептик!
Природно содржи водород пероксид кој е антисептик и поради своите антибактериски и анти-габични својства, медот често се користи како природен антисептик кај традиционалните лекови и е е еден од најупотребуваните народни лекови за вакви инфекции.. Истражувањата покажаа дека медот може позитивно да делува во борбата против несакани бактерии и габи.
Го штити срцето!
Антиоксидансите присутни во медот го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.
Помага при дигестивни проблеми и дијареа!
Медот понекогаш се користи за лекување на дигестивни проблеми како што е дијареа. Сепак е битно да се знае која е причината за дијареата. Докажано е дека е ефикасен како третман за бактерии на Helicobacter pylori, која е честа причина за чир на желудникот. Медот е исто така моќен пробиотик, што значи дека ги храни добрите бактерии кои живеат во цревата, кои се клучни не само за варењето, туку и за целокупното здравје на човекот.
Најефективен природен антиоксиданс!
Медот содржи низа растителни хемикалии кои делуваат како антиоксиданти. Некои видови мед имаат подеднакво многу антиоксиданти како овошјето и зеленчукот. Антиоксидансите помагаат да се заштити вашето тело од оштетување на клетките како резултат на слободните радикали. Студиите за антиоксидативните својства на медот докажуваат дека медот го засилува нашиот имунитет затоа што има широко присуство на соединенија, кои се борат против стареењето и болести како што се рак и срцеви заболувања.
Изобилува со витамини и минерали!
Медот содржи многубројни и најразлични витамини и минерали кои го подобруваат здравјето и енергијата на човекот. Во најголемиот број на случаи, органскиот мед содржи витамин Ц, калциум и железо. Но сепак , видот на витамини и минерали и нивната количина зависи од видот на цвет што се користи за пчеларството.
Ја зголемува енергијата и концентрацијата!
Многу луѓе го користат како природен извор на енергија . Во една лажица мед има околу 64 калории , но јаглените хидрати во медот можат лесно да се претворат во гликоза, бидејќи е многу едноставно за телото да свари чиста и природна супстанција. Според научните истражувања, медот ја подобрува морфологијата на мозокот за подобрување на различните функции како учењето и меморија. Медот содржи полифеноли кои можат значително да ги подобрат функциите на мозокот поврзани со меморијата и концентрацијата.
Природен засладувач!
Медот препорачливо е да се користи како замена за шеќер во многу храни и пијалоци. Содржи околу 69% глукоза и фруктоза , кои многу полесно се разградуваат одколку од белиот рафиниран шеќер.