Се наоѓаме на прагот да испратиме уште една година во која несомнено си докажавме дека здравјето е највредното богатство на човекот.
За нас 2024ва беше година полна со предизвици, многу нови соработки, посветена работа и неисцрпни идеи. Активно работевме на проширување нашето портфолио и водени од желбата да ги задоволиме различните потреби на потрошувачите, понудивме здрави, органски и вегански производи за сечиј вкус. За нас 2024ва беше ре-отворањето на нашата онлајн продавница www.vitana.mk. За нас 2024ва беше година во која го проширивме и зацврстивме тимот, ги реализиравме поставените цели, отворивме нови хоризонти и поставивме нови граници.
И што е најважно, допринесовме со нашата цел, да понудиме природна, органска и нутритивна храна наменета за сите оние што сакаат да инвестираат во зачувувањето на своето најголемо богатство – здравјето. Но, ние тука не застануваме, со нетрпение ја очекуваме следната година, со сите нејзини предизвици и сите наши цели реализирани.
Пред се ви посакуваме здравје и топлина во срцата и домовите. Ви посакуваме незаборавни мигови и најубави желби исполнети. Ви посакуваме среќни празници и незаборавен почеток на новата година!
Тимот на ВИТАНА!