Пица со тесто од црвена леќа

Брз и лесен рецепт за кој е потребно половина час, но претходно леќата да кисне некои 6-7 часа. Количински ви е потребно околу 200 грама сирова леќа.

Еве ги состојките за тестото:

  • oколу 200 g кисната црвена леќа  Витана
  • 1 главица кромид
  • малку магдонос
  • малку лукче
  • 1 јајце
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици маслиново масло
  • на крај за подесување на густината 2-3 лажици овесни снегулки.

Фил: доматно пире, рендана тиквица и морков, малку кашкавал и оригано.

Начин на подготовка:

Леќата е добро да ја оставите да се кисне минимум 6-7 часа, но можете и повеќе (пример преку ноќ).

Сите состојки за тестото ставете ги во бледнер и бледнирајте додека да добиете хомогена смеса. Смесата е густа налик на таа за фалафел но кога се пече добро се сврзува.

Во кружно плехче со средна големина се става хартија и се разлива целата смеса. Се пече во загреана рерна на 160-180˚С 6-7 минути. Потоа се вади од рерна и се става одозора доматен сос, рендани моркови и тиквица, малку кашкавал и оригано и се враќа назад на печење.

Се пече уште 10-тина минути на иста температура.

Значи фантазија!!!