5 вегански производи кои мора да ги пробате

  1. Азуки Органски Грав


Азуки гравот е мал грав кој се одгледува на просторот на Источна Азија и Хималаите. Иако го има во различни бои, црвениот азуки грав е најпознат. Азуки гравот се поврзува со многу придобивки за здравјето, вклучувајќи го здравјето на срцето и губење на тежина преку подобрено варење на храната и понизок ризик од дијабетес. Дополнително, тој лесно може да се вклучи во различни видови јадења.
Азуки гравот е богат со протеини, растителни влакна, витамини, минерали и корисни растителни соединенија. Овие хранливи материи подобро се апсорбираат доколку е потопен во вода, проникнат и ферментиран.

2. Ашваганда органски прашок

Ашвагандата е позната како зимска цреша или индиски женшен поради своите смирувачки својства. Таа едно од најважните индиски треви. Во ајурведската медицина отсекогаш била високо вреднувана поради своите извонредни влијанија врз расположението. Има прилагодливи својства, што значи дека му помага на телото при неговата одбранбена реакција на стрес и има способност за обнова на рамнотежата при функционирањето на хормоните.

3. Бела Киноа – органска

Киноата постои илјадници години и била опишувана како “златото на Инките“. Денес, уште е популарна поради вкусот и поради придобивките за здравјето.

Таа е супер храна со високи количества нерастворливи растителни влакна и протеини. Киноата има капацитет да го зголеми чувството на заситеност по оброците, а сепак е лесна за варење во желудникот.

4. Мача прашок – органски

Мача е највисококвалитетна форма на зелен чај. Се работи за сушени лисја од зелен чај, одгледуван во сенка, на кои им се отстранети жилите пред процесирањето.
Мача долги години се користи од страна на будистичките монаси по долги медитации за подобрување на концентрацијата и избистрување на умот.

5. Црвена леќа – органска

Црвената леќа е составена од 25% протеин, кој ја прави одлична замена за месо. Исто така, леќата е одличен извор на железо, минерал кој понекогаш недостасува во вегетаријанската исхрана.

Одличен извор на Б витамини, железо, магнезиум, калиум и цинк. Исто така, леќата е добар извод на растителен протеин и растителни влакна.

Конзумирањето на леќа е поврзано со целокупно намален ризик од заболувања на срцето, поради тоа што има позитивни влијанија врз неколку ризик фактори.
Црвената леќа може да го заштити вашето срце преку поддршка на губењето тежина, спречување на таложење на хомоцистин во вашето тело и подобрување на нивоата на холестерол и висок крвен притисок.