Убедени сте дека готвите здрава храна, а сепак не слабеете?

Ако сакате да ја одржите идеалната тежина што неодамна ја постигнавте или пак „работите“ на тоа, тогаш готвењето во домашни услови ќе биде вашиот најдобар сојузник, со што секогаш ќе имате контрола над она што го јадете.

Но, иако одамна не сте го посетиле омилениот ресторан и постојано готвите здрави и нискокалорични оброци во вашата кујна, сепак, вишокот килограми сѐ уште се тука и никако да ги намалите!

Во продолжение откријте некои од најчестите грешки што сите ги прават кога готват во домашни услови, поради што и сѐ уште имате проблем со килограмите.

Ако се решивте за здрава и домашна храна, тогаш направете истата и да им оди во полза и на вашите килограми!

 Грешка број 1 – Готвите со премногу масло!

Маслиновото масло секако е најздраво и најдобро за готвење во домашни услови, но во една лажичка од истото, има дури 125 калории. Иако тоа можеби не ви звучи многу, доколку готвите со него запомнете дека секогаш има алтернатива. Бидејќи рековме дека готвиме здрава храна, пржењето на зеленчук секогаш бара додавање на многу масло, па за тоа да не ви се случи вам, прво добро обарете го истиот, па ставете го малку да се испржи со неколку капки маслиново масло.

Грешка број 2 – Преголеми порции!

Сите знаеме колку е важна проценката на порциите храна што ги внесуваме, но често се случува на крајот на работниот ден, да немате желба ниту време за посветување внимание на тоа колку храна има во порцијата или пак колку калорични намирници се додадени. Вашите „гладни очи“ во сосема здравиот оброк можат да додат стотици скриени калории. За да не ви се случи тоа, пред да почнете со јадење, добро размислете колку сол ќе ставите, со колкава количина пармезан ќе го прелиете зеленчукот или пак колку калории ќе внесете со белиот сос со кој ќе го полиете совршено испечениот стек!

Грешка број 3 – Роб на рецептите!

Ако ја изгубивте довербата во своите кулинарски способности, тоа би можело да доведе до тоа строго да се држите до рецептите. Но, ако слепо се држите до состојките наведени во рецептите, би можеле да ја изгубите можноста да се послужите со некој забавен трик. На пример, ако во рецептот пишува дека треба да употребите павлака, истата заменете ја со сос од авокадо или пак грчки јогурт. Оваа едноставна замена ќе го намали бројот на калории што ќе ги внесете, без да го изгубите посакуваниот вкус на конкретното јадење и неговата текстура.

Грешка број 4 – Дегустирање за време на подготовката

Обидете се да ја избегнувате навиката која ја имате да пробувате од сѐ по малку за да видите дали јадењето е вкусно, или дали му недостасува нешто. Иако доколку пробате еднаш, тоа нема да ви наштети. За да успеете да не пробате барем уште неколку пати од јадењето што го готвите, постојано џвакајте мастика или испијте чаша минерална вода. Или пак, за секое залче што ќе го каснете за дегустација, ставете си помалку во порцијата!

Грешка број 5 – Оставање остатоци од храна за „подоцна“

Вечерата беше вкусна, добро се заситивте и свесни сте дека тоа ви е доволно сѐ до следниот ден. Најчесто се отстапува од тоа кога ќе одите во кујната да ги измиете чиниите и кога ќе се кажете колку сѐ беше вкусно, па ќе посакате повторно да посегнете по уште малку салатка. Единствено ќе си помогнете тогаш кога ќе дознаете колку ви е доволно и ќе подготвите одредена количина на храна, за истата подоцна да не морате да ја фрлате или пак да ја дојадувате во кујната!